Власта не се откажува – лепенките за автомобили остануваат во игра

Владата засега не се откажува од еколошките налепници и покрај тоа што премиерот изјави дека тоа би било еден вид дискриминација. Заменик министерот за животна средина Макрадули денеска потврди дека Законот бил во собраниска процедура но тоа не давало право да се чека .

– Законот е во собраниска процедура, но тоа не ни дава за право да чекаме, напротив и сега согласно постоечката законска регулатива и правилници може да се контролираат издувните гасови на возилата, кажа Макрадули.

Предлог законот за возила налага при техничкиот преглед секој автомобил да добие црвена, жолта или зелена налепница според степенот на издувни гасови а во загадените денови би имало забрана за движење за постарите возила.

Нема да дозволиме да има неправичност, таман работа. Тој што е богат да си оди со кола кај што сака, сиромашниот да мора по автобуси или не знам, да седи дома или да оди пеш. Нер е ок. Сите имаат право на еднаков квалитет на живот, однјостно ако се дава еднаквост на можноста на користење на автомобилот тоа мора да биде рамноправно за сите, кажа премиерот Заев.

Двегодишниот План за чист воздух кој го промовираше Владата предвидува вложување на дополнителни 1.5 милиони евра. Една од мерките кои се предвидуваат е токму измената  на законот за возила и Воведување на еколошки налепници.

Министерството за животна средина и Владата планираат да ги убедат граѓаните да се вратат на парно греење, со намалување на данокот на додадена вредност за испорачана топлинска енергија од 18 на 5 отсто

Меѓу другото се предвидуваат и зголемени инспекции, но  и замена на нееколошките извори за затоплување во јавните институции. На почетокот од следната година ќе се набавеле и комплетно нови инструменти за сите станици за мерење на квалитетот на воздухот.

Лепа Џундева