Власта не отстапува, приватизација во здравството ќе има

Надлежните не отстапуваат, клуч на врата би можеле да добијат дестина болници низ земјава. Деталниот концепт за приватизација на јавното здравство ќе се знае во јуни кога треба да бидат готови физибилити студиите. Според министерот за здраство, моменталниот здравствен систем не чинел, а со отворање на вратите за приватни инвеститори ќе се подобрел.

Сегашната власт како опозиција ветуваше нешто сосема друго – квалитетно и достапно јавно здравство за сите. Владините планови за подобрување на здравствените услуги се менуваат. Во „Планот за живот“ стои:

„Ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно за сите, во кое што ќе работат стручни и квалитетни лекари. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите граѓани. Јавното здравство ќе обезбедува квалитетни и лесно достапни услуги, а граѓаните немаат потреба да плаќаат медицински интервенции во приватни болници“.

Синдикатот на Клинички пред неколку дена предупреди дека со затварање на државните на сметка на приватните болници се означува почетокот на крајот на јавното здравтсво. Тие сметаат дека за вакви методи треба да се побара мислење од граѓаните.


Јована Грчева