Власта им удоволува на соседите: Понизноста кон Бугарија и Грција ги избриша „Црнила“ и „Црно Семе“ од средното стручно образование

Понизноста кон Бугарија и Грција ги избриша антологиските „Црнила“ и „Црно Семе“ од средното стручно образование во Македонија. Обидите во се да им се удоволи на соседите, доведоа до ситуација до дел средношколците веќе да не допира состојбата на Македонците во Грција во граѓанската војна и атентатот на Ѓорче Петров, за кои се пишува во делата на Коле Чашуле и Ташко Георгиевски.

Универзитетската професорка по македонски јазик Симона Груевска Маџоска, за Алфа вели дека оваа несфатлива одлука можеби е последица на моменталната политичка состојба во државата. Порачува дека надлежните мора да образложат според кои критериуми овие две дела се извадени од програмата.

-Особено што секого му паѓа на памет конкретната сегашна политичка ситуација и зошто токму овие две дела се извадени, бидејќи „Црно Семе“ обработува теми од граѓанската војна во Грција и Македонците во неа, а „Црнила“ од Коле Чашуле го обработува атентатот на Ѓорче Петров, поточно антимакедонизмот, предавството и братоубиството. Нешто што можеме да направиме паралела и со сегашната ситуација политичка, вели Груевска Маџоска.

Според Груевска Маџоска оваа грешка мора да биде исправена и овие две дела повторно да бидат вратени во програмата на задолжителни лектири во средното стручно образованите. Вели имаат големо историско значење Македонија.

-Особено што тие се од историско значење за македонската литература и не само литература. Да се потсетиме дека според романот „Црно Семе“ е снимен во 71-ва година филм, кој што беше добитник на Златна Арена во Пула за режисерот Кирил Целески и Златна Арена за најдобра машка улога на Дарко Дамевски, кој што беше кандидат за Оскар од тогашна Југославија, но не беше номиниран од разбирливи причини, вели Груевска Маџоска

Како што е познато, по потпишувањето на договорите со Бугарија и оној од Преспа со Грција, Македонија се обврза да интервенира во образованието на децата со отсранување на делови кои би биле навредливи за Атина и Софија. За ревидирање на македонската историја по бугарски терк веќе неколку години функционира и заедничката историска комисија. Инаку, ова значи и дека овие две дела нема да бидат дел од државната матура по македонски јазик, која што е иста и за учениците од средните стручни училишта и гимназиите.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести