Власта доцни – од 3-ти мај ВМРО-ДПМНЕ има доставено барање до Собранието да ги разгледа состојбите во Судскиот совет

Поставувањето на партиски активисти и функционери на чело на Судскиот совет е пракса која ќе ѝ се удри од глава на владата, критикува ВМРО-ДПМНЕ. Власта која не сакаше да чуе на дневен ред да во Собранието да се најде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за дебата за состојбите во судството, сега бара поддршка од опозицијата и дијалог за престанок на мандатот на Судскиот совет. Пратеничката Дафина Стојановска, вели иститите тие кои од 3-ти мај не ја ставаат точката на дневен ред, по критиките и од меѓународната заедница се сетија дека македонското правосудство е во катастрофална состојба.
- „Сега, откако и нашите меѓународни партнери алармираа за состојбите во судството, власта не знае како да излезе од ситуацијата во која самата влезе. По циркусот во Судскиот совет, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за ставање на точка на деневен ред во Собранието, под име – Информација за состојбите во Судскиот совет. Информацијата ја имаме доставено во собраниската архива на 3 мај. Изгласана е како 35-та точка на дневниот ред на 115-та пленарна седница, која започна на 10 мај и досега се имаат одржано 11 нејзини продолженија. Од отварање на оваа точка сѐ уште нема абер. По поднесување на оваа точка, имаше редица скандалозни обвинувања од страна на членови на судскиот совет, обвинители, судии, за партизираноста на советот, но и партизацијата која тој ја спроведува“ рече Дафина Стојановска, претеник од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара што побрзо пратениците да дебатираат по предлог-точката и уште на првата наредна седница, оставка од Судскиот совет во целост, а потоа одговорност и од Владата.
По сите случувања во Судскиот Совет, премиерот Ковачевски сега се сети дека требало ремонт на некои институции во правосудството. За законот за разрешување, вели, собранието ќе ја донесе таа одлука, за што е потебно 2/3 мнозинство.
- „Во детали немаме разговарано со Лога, тоа е во неговиот ресор. Собранието ја носи одлуката во однос на законските одредби. Треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси, закони во делот на правосудството. Сите анализи тоа го кажуваат. Во правосудството има личности кои што се врвни професионалци, има луѓе кои можат да го унапредат своето работење преку обуки, но има и поединци како и во секој систем кои немаат перформанси на ниво на кое треба да имаат. Затоа треба да има систем во правосудството кој ќе може да дијагностицира одговорност, таа има име и презиме. Не може да кажете не е добро се комплет. Туку да се изгради систем. Тоа е начин на кој сите држави ги унапредиле своите системи“, рече Ковачевски, зборувајќи за Судски совет.
Од друга страна, Судскиот совет останува воздржан да ги коментира изјавите на политичарите за носењето законски измени и престанок на мандатот на сите актуелни членови.
Викторија Миткова