Власта ги игнорира ловечките друштва кои бараат скромен надомест за отривање на Африканската чума кај дивечот

Државата треба финансиски да ги помогне ловните друштва, доколку сака редовен мониторинг на ловиштата и нивна заштита од појава на нов бран на африканска чума. Иако барањето со по 30.000денари да се помогнат 256-те ловишта во државата, до Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата е испратено пред речиси два месец , од Ловечката федерација велат дека се уште немат добиено никаков оговор.

  „Државата треба да го свати нашиот финансиски дефицит . Бараат од нас и една од мерките кои се применуваат секаде низ светот е редовен мониторинг на ловиштата. Но за мониторинг се потребни ангажирање на теренски возила, активисти, средства за дезинфекција . Тоа е пропратено со дополнителни трошоци и во тој дел бараме финансиска помош од државата, за да ги покриеме тие трошкови . ние не браме ништо екстра , освен покривање на оние реални трошкови кои што хи имаме во секојдневниот мониторинг на ловиштата„-изјави Влатко Алексовски, претседател на ЛФМ.

Алексовски посочува дека дивата свиња е една од главните ловостопански животни на кои се потпира македонското ловство. Новата сезона започнува од 1ви октомври и дотогаш пожелно би било да се анулираат сите овие недостатоци и проблеми.

  „Во следниот период ЛФМ и ловечките друштва ќе имаме активна кампања на терен. Евентуално ако се забележи угинато грло на дива свиња , ако е евентуално заразена од африканска чума ќе треба според сите оние протоколи и биосигурносни мерки, да биде отсранета и да се направи деконтаминација на теренот„-рече Влатко Алексовски, претседател на ЛФМ.

Алексовски не заборави да дообјасни дека  донесената забрана за движење во шуми не важи за стручната служба на концесионерите на дивечот и ловиштата, како и за ловци кои со дозвола за лов издадена од концесионерот можат да  ловат во придружба на ловочувар. 

Александра Ристевска