Владините функционери за нерационалните трошења ќе бидат санкционирани, ама под наводници

„Мора да се почувствуваат последиците од неодговорното однесување“ вели вицепремиерката за политики за добро владеење. За низата скандали поврзани со нерационални трошоци од страна на владините функционери, рече дека требало да се размисли на каков начин во буџетска смисла ќе бидат санкционирани, но зборот санкционирани го потенцираше со наводници. Славица Грковска на последната владина седница предложила парите на државните институции кои нерационално трошеле да се пренаменат на институциите кои покажале политика на добро владеење.

Сепак, не се знае дали и на кој начин ќе бидат казнети вицепремиерот Артан Груби кој во криза имаше потрошено над 30 илјади евра за миење на автомобили, и  за одржување на веб сајт, или некој од Службата за општи и заеднички работи за набавка на прибор за јадење вреден 37 000 евра.

Беа добри препораките на МИН за финансии за штедење. Информации добива МИН за финансии за реализација на мерката, сакам да кажам дека со овој ребаланс се предвидени 100 милиони евра заштеда на непродуктивни трошоци, на последната седница предложив оние институции покажале дека неодговорно се однесувале кон буџетските средства, дека би требало да се размисли на каков начин во буџетска смоисла да бидат санкционирани во некоја смисла.

Владата пред два месеци донесе мерки на штедење, со кои ќе бидат опфатени министрите, градоначалниците, директорите. Иако долго време пред тоа Македонија беше во криза а опозицијата обвинуваше дека владините функционери трошат државни пари за луксузирање и за работи кои не се неопходни.

Со мерките се забранинабавка на мебел и возила, а буџетските корисници требаше за  50% треба да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила.

Адријана Алексиеска

Advertisements