Владина шминка наместо мерки: нема енергетско-ефикасни институции, тешко дека ќе има и фотоволтаици

Кристина Алексиеска
Девет години откако е усвоен Правилникот за енергетски карактеристики на згради , Македонија речиси и да нема енергетско ефикасни јавни институции. Владата речиси една деценија не најде начин како државните институции да бидат подобро изолирани за да се заштеди енергија, ама затоа им наложи да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто, па се отвора дилемата колку институциите ќе успеат да заштедат и да придонесат за потребите на електродистрибутивната мрежа ?
Исполнување на минимум критерууми за енергетска ефикасност е една од обврските што Македонија треба да ја исполни за приклучување кон Европското семејство, за што бил потпишан и Договор за пристапување кон енергетската заедница.
Од вкупниот катастар, сопственост на државата, 3 проценти од тој катастар секоја година треба да се модернизира . т.е да се изолира , да ги исполни минималните критериуми за енергетска ефикасност , а тие се дефинирани со правилникот за енергетски карактеристики на згради кој е во сила веќе 6-7 години. според нашите сознанија кои се работени енергетски контроли убав пример е објектот на Министерството за финансии кој е објект кој е со категорија а. енергетски ефикасен објект. сите постари објекти треба да се реконструираат, изјави Константин димитров.
Владата требаше до сега ова барем да почне да го реализира, ама сега ја префрлуваат топката кај самите институции ако воопшто имаат пари самите да си станат енергетско ефикасни.
Според експертите, владините задолженијата се само шминка за пред јавноста, а во суштина само малку си одземаа од комфорот во институциите каде треба да му служат на народот.
Колку ќе придонесат мерките ќе видиме. Државата има обврска секоја институција да има човек кој ќе е задолжен да ги следи, не дека е ова нова ова е дефинирано со законот со енергетски ефикасност. има начин да се спореди дали е навистина е остварена заштеда, добра мерка а не е доволно. на македонија и треба поголема количина на енергија ако денес увезуваме 30 проценти што ќе биде зимата е тогаш наместо 30 посто ќе треба да увеземе, додава Димитров .
Олеснување на процедурата за поставување на фотоволтаици е барањето на бизнисот за спас на стопанството. Властите најавија олеснување, ама според Димитров и тоа е само декларативно, бидејќи процедурата и натаму останува многу комплицирана, додека истата може многу едноставно да се изведе. Затоа и и т.н. олеснување од Владата, никаде на терен не се гледа, а се поочигледно е дека ни зимава нема да се види.