Влада по последните пораки од Петков: нема да коментираме медиумски содржини, неофицијални

Бугарскиот премиер Кирил Петков лично ќе се залага бугарските барања за тргање на ветото да станат дел од преговарачката рамка за Македонија, пренесува бугарски „Капитал“, пренесувајќи информации од состанокот на Петков со коалиционите партнери.

Прашањето со блокадата на Македонија стана дел од агендата на коалициониот совет поради сомневањата дека премиерот Петков може сам да преземе чекори за да ја деблокира во последен момент Македонија.

Алфа директно ја праша владата дали се запознати со ваквите ставови на Петков дека бугарските ултиматуми нема да бидат само услов за деблокада на интеграциите, туку и ќе бараат тоа да стане дек и од преговарачката рамка. Оттаму стигна повратна порака дека нема да коментираат вакви објави.

Владата нема да коментира медиумски содржини додека нема официјална информација.

Бугарските медиуми пренесуваат дека Петков на состанок споделил информации дека францускиот претседател Макрон бил силно постветен за наоѓање решение за спорот, но и дека на почетокот на идниот месец Петков и Радев најверојатно ќе отпатуваат и во Париз.

А токму Макрон пак ја најави стратегијата на Унијата за проширување, односно ја наметна идејата за паралелна заедница за земјите кои водат разговори со ЕУ но не почнале претпристапен процес. Но Макрон не е сам во идејата за паралелна заедница, поддршка доби и од италијанскиот премиер Марио Драги, дека идеја ќе овозможела земјите економски да ѝ се приклучат на Европската Унија но под услов да ги почитуваат европските вредности.

Ивана Соколовиќ Најдова

Advertisements