Влада: Парно ќе има, не е важно кој ќе грее и од каде ќе дојде гасот
Парно ќе има, не е битно како. Власта бара граѓаните да и веруваат дека ќе се обезбеди топлинска енергија на време иако не се знае како ќе завршат преговорите помеѓу ЕСМ и Адора Инжинеринг, а во меѓувреме и БЕГ се огради од законската обврска да испорачува топлинска енергија зашто и повеќе немаат лиценца. Што ќе се случува доколку ЕСМ не го преземе управувањето со топланите, а БЕГ не биде во можност да испорача, надлежните не открија, ама бараат верба.
БЕГ и други компании кои вршат јавна услуга со закон тие треба да ја вршат се додека друг јавен субјект не добие лиценца. Тоа е наведено и во законот за енергетика и во нивната лиценца. Што значи БЕГ нема право да не ја врши таа функција ако нема друга компанија рече Бектеши, Минситер за економија.
Граѓаните да бидат спокојни вели вицепремиерот Битиќи, имало обезбедено гас. И министерот за економија Бектеши исто така тврди дека гас ќе има ама ни двајцата не кажа од каде по која цена ќе се набави.
Ние имаме испратено писмо и до „Боташ“ и до одредени други компании во Турција, се со цел да ја зголемиме соработката помеѓу Македонија и Турција, во делот на справување на електричната енергија, јас немам такви информации, ЕСМ ги води тие разговори, имаме неколку понуди, но во делот на природниот гас, уште еднаш да повторам, Македонија нема проблем со набавувањето на гас. Проблем се цените на природен гас кои се нудат на нашиот пазар. Денешните цени на берзите се неколку кратно помали од тоа што наш трговец нуди гас. Понудената цена е 2500 долари по 1000м3. Да не се користи момент за да се придобие, бидејќи имаме двајца трговци, затоа што е поголема од цената на светските берзи рече Бектеши – Министер за економија.
БЕГ, наспроти тврдењата од Влада и РКЕ, посочија дека ниту имаат законска обврска, ниту можност да продолжат со испорака на топлинска енергија. Од регулаторната комисија за енергетика повторно повикувајќи се на Законот за енергетика остануваат на ставот дека до избор на нов снабдувач, на актуелниот, во случајов БЕГ, не му престанува обврската за обезбедување на јавната дејност. И додека се префрла топката, ситно се брои до почетокот на грејната сезона а како ќе се затоплат радијаторите се уште не се знае.
Викторија Миткова