Пред референдумот го поставија бројчаникот кој и ден денес не функционира, по потпишувањето на протоколот за НАТО ја отстрануваат железната ограда пред Влада

Две години по најавите, Власта почнува да го реализира ветувањето за отстранување на оградата околу седиштето на Владата на Илинденска број 2. Целта според владата било целосно да се ослободи јавниот простор околу објектот и тој да стане подостапен за користење од граѓаните.

Досега, Владата ги затвораше капиите во текот на ноќта, а пред објектот се стационирани и полициски службеници.

Повторното актуелизирање на прашањето со железната ограда, за која своевремено Заев велеше дека ќе се исјкористи за клупи,  е во пресрет на потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, но и претседателските, а можеби и предвремените парламентарни избори.

Предреферендумски кога се подготвуваше операцијата за промена на уставот и уставното име, власта помпезно постави и бројчаник на Портата Македонија кој требаше да нотира враќање на украдените пари, но тој никогаш не профункционира.