Владата се фали за европскиот извештај, но што значи тој за Македонија?

Власта се фали, опозицијата критикува. Фокусирани на позитивните заклучоци од Извештајот на Европската Комисија, надлежните не го кријат задоволството дека Македонија добро напредувала кон европскиот пат. Иако и минатите години добивавме позитивни извештаи но не се менуваше ништо, владата на Ковачевски верува дека Европа препознала напредок и ни претстоеле нови можности.

Улогата на Собранието е клучна во пристапниот процес им порача на пратениците евроамбасадорот Дејвид Гир, зборувајќи за извештајот во кој Парламентот е ставен на тапет за својата нефункционалност.

Улогата на Собранието ќе биде клучна во тек на пристапниот процес. Ќе биде клучно во носењето на законите, ќе биде клучно за соодветен надзорот на активностите на извршната власт и имплементацијата на реформите и ќе биде клучно како централна точка за јавна дебата за различните прашања кои ќе се отворат во текот на пристапниот процес. Ќе има витална улога и потребен ни е консензус во Собранието за процесот да се движи напредизјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

Шефот на Владата очекува дека во следниот Извештај ќе има повеќе детали и податоци од скринингот, а дури откако ќе заврши тој процес, државата ќе има јасен патоказ за адаптирање на законодавството.

Тоа е поради блокадите во Собранието, а нефункционалноста не е предизвикана од Владата, туку од опозицијата. Тоа е нотирано и во самиот извештај. Веќе сме во процес на преговори, а во тек е скринингот. Во ноември почнува и билатералниот скрининг. Целта е целиот скрининг процес да заврши до ноември следната година. Следниот Извештај на Европската Комисија сигурно ќе биде подетален, бидејќи ќе содржи дополнително и податоци од објаснувачкиот скрининг и билатералниот скрининг, појаснува премиерот. изјави премиерот Ковачевски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак критикува дека Извештајот ја покажал системската негрижа на Владата за реформите.

А, дури и за Европската Унија е евидентно она што само Ковачевски не сака да го види – дека тој се плаши од дебата во Собранието, бега од истата, навредува, клевети и омаловажува. Најголемата болка на оваа Влада во Собранието, е исто така забележана од Европскиот Извештај. Законите со лажно европско знаменце со кои сомнителни законски решенија се обидуваат да се протуркаат низ Собранието, а истите продолжуваат да бидат проблем и за Европската Унија – изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Извештајот, Собранието се покажа како најслабата алка, а критиките главно се однесуваат на политичката поларизација, злоупотребата на механизмот „европско знаменце“ и кочењето на важни закони.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста