Владата се луксузира во време на најголема економска криза

Властите ни порачуваат штедете ама тие никако да почнат да штедат. Колку домаќински работат владините функционери доволно покажува фактот дека за три години се потрошени над пет милиони евра за лизинг за автомобили. И тоа среде криза, со пандемијата, економската, а сега и воената во Украина која предизвикува драматична инфлација. Дополнително, во изминативе две години за набавка на нови возила биле потрошени три милиони евра. Упатените предупредуваат дека власта непотребно се луксузира. Од Центарот за граѓански комуникации реагираат дека варијантата лизинг се користи од 2013 година за која владата уверува дека е поисплатлива опција, а никако да објасни зошто.

Прво што после три години тие возила се нови, а Владата ги враќа, купува нови, а второ што однапред знае дека е многу мал пазарот за лизинг однапред знае дека на тој тендер да има конкуренција и трето почнавме во 2013 со 23 вакви возила, па 40 па сега имаме 45.  Освен лизингот воопшто за околу 3 милиони евра се купени возила во изминативе две- три години од кои две беа кризни па оттука сметаме дека мора да се направи рационализација при набавка на возилата , да се направи некој ред кој може какво возило треба да вози, вели Герман Филков од Центарот за граѓанските комуникации.

Дополнителен проблем е што енормните трошоци за нови автомобили се покриваат од буџетот, кој во најголем дел се покрива со задолжување. Па така граѓаните се оние кои плаќаат функционерите да се возат во луксузби и скапи коли, во услови кога тие едвај преживуваат. Невладиниот сектор предупредува и на друг проблем околу тендерите, со кои се отвора и можност за нивно „местење“. Само з аилустрација, антикорупциска предупреди дека 83 проценти од нив се со еден понудувач.

Сметаме дека послениот апел на ДКСК мора да се сфати и да се образложи зошто на некој му треба толку скапо возило и да се прилагодат службените возила со оние што ги возат луѓето на улица, бидејќи се од нивни пари купени и да се направи некој ред кој се може да купи вакво луксузно возило. Почнавме со 23 завршиме со 45 возила – никој никогаш не излезе со список кој се вози вакви возила. Смената е фирмата, сумата е иста 40.000 евра за едно возило кое по три години се враќа и се купува ново, вели Филков.

Во последните девет години преку пет постапки за јавни набавки набавени се 160 возила кои државната каса ја чинеа над 6 милиони евра посочија од Антикорупциска. Иако антикорупционерите не најдоја законски прекршок се сомневаат на економска оправданост за последната набавка која се однесува на 45 возила за кои за три години лизинг државата ја чинат еден милион и 756 илјади евра.

Кристина Алексиеска