Владата притиска, ВМРО-ДПМНЕ цврсто си стои на ставот – Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Ковачевски тврди дека вицепремиерот Бојан Маричиќ секој ден се јавувал во ВМРО-ДПМНЕ за да види дали се подготвени да разговараат за уставните измени. Премиерот вели дека опозицијата треба да остане на нивниот став искажан јавно за учество во процесот на уставни измени. Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија:

„Jа разбираме паниката и стравот од пораз на СДСМ кој се гледа по двојното водство кое го има ВМРО-ДПМНЕ на сите релевантни анкети, реагираа од опозициската партија, од каде нагласуваат дека промена на партискиот став за уставните измени нема. Наместо да го трошат времето на јавноста додека се заглавени во криминалот и корупцијата, им порачуваме да не ја манипулираат јавноста со телефонски повици кон ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група – ставот за уставни измени е затворена тема, уставни измени под бугарски диктат нема да има. Нека кажат кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат ако воопшто сакаат вистинско решение. – стои во одоговорот од партијата.

Advertisements