Владата не знае каде се се ангажирани членовите на комисијата за ревизија на историјата

Владата не знае дали членовите на заедничката комисија за ревизија на историјата во исто време се и членови на управни и надзорни одбори. „Генералниот секретаријат не располагал со бараните податоци“ – Накратко, ова беше одговорот на прашање на Алфа, за тоа, дали преговарачите кои ја кројат македонската историја, се ангажирани и во компании или јавни претпријатија во државна сопственост, иако Владата ги назначува. Според информации на Алфа дел од членовите на историската комисија се ангажирани и во други државни тела.

  • „Информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности. Генералниот секретаријат не ги создал и не располага со бараните информации“ – Пишува во одговорт од владата на барањето за пристап до информации од јавен карактер на Алфа.

Засега нејасно е како владата се прогласи за не-надлежна, когаЗаконот за јавни претпријатија јасно одредува дека основачот ги избира членовите, а во овој случај, основач е владата.

  • „Членовите на управниот одбор ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие“ – Стои во закон за јавните претпријатија.

Инаку, ова не е прв пат владата да избегнува да одговори, односно да дава нецелосни одгвори за тоа дали членовите на заедничката историска комисија црпат народни пари и од други извори. Претходно за конкретното прашање на Алфа за истата работа Владатата не препрати во МНР, таму да сме провереле каде се на друго место ангажирани. Од министерството ни одговорија дури по еден месец, а во одговорот стоеше дека тоа биле класифицирани информации со степен „доверливо“.

Од она што е официјално познато е дека членовите на мешовитата комисија за прекројување на македонската историја само од МНР, од 2018 досега, имаат инкасирано вкупно над 250.000 евра народни пари.

За платата која ја земаат од народот, според протоколот помеѓу Бугарија и Македонија, тие досега договорија менување на неколку учебници по историја, како и различно толкување на клучни личности од македонското национално минато.

Никола Цветкоски

Advertisements