Владата нема коментар за изоставувањето на македонски јазик во НАТО

Владата нема коментар. Одговорот зошто НАТО на официјалната страница место македонски јазик го стави само знамето на државава требало да го бараме во Алијансата.

Од владината прес служба за Алфа велат дека прашањето сме го поставиле на погрешна адреса, требало да се обратиме во канцеларијата за врски на НАТО, а не кај нив.

Владата која уверуваше дека македонскиот јазик и идентитет се гарантирани и зачувани со Преспанскиот договор нема реакција на тоа што на интернет сајтот каде се вршеше преносот од официјалната церемонија беа понудени опции – англиски, француски, па дури и руски, а за македонски наместо да пишува Macedonian беше само поставено знамето на државава.

За разлика од сегашната ситуација, ова лето на директниот пренос од Самитот на НАТО на 13 и 14 јули, јасно пишуваше македонски јазик. И додека сега е Владата молчи тогаш СДСМ се пофали дека тоа било потврда оти во Алијансата влегуваме со зачуван идентитет и јазик.

СДСМ (14.07.2018)

Влегуваме во НАТО со македонски јазик и македонски идентитет. Со тоа се потврдува, Договорот е патриотски чин што го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина. По години изолација и неизвесност, Македонија конечно оди напред, станува 30 земја членка на НАТО и започнува преговори за членство во ЕУ во јуни 2019 година.

Вчера Единствено жестоки реакции можеа да се видат на социјалните мрежи.

Во меѓувреме првиот човек на НАТО кој земјата ја ословуваше како Скопје или идната Република Северна Македонија вчера порача дека тоа бил историски ден.