Владата нема да им наметне на странците законска обврска да мораат да купуваат од домашни фирми

На странските инвеститори не може да им се наметне условот ако сакаат пари да мораат да соработуваат со домашните компании. Откако Сојузот на стопански комори предложи во законот стриктно да стои дека ако странците сакаат да влезат во земјава и да добиваат субвенции, да мораат да набават производи или услуги од локални фирми во точно утврден процент, вицепремиерот Анѓушев вели дека тоа тешко може да се направи. Долг бил процесот за странците да добијат дозвола од крајните корисници да го сменат добавувачот кој ги поседува сите потребни сертификати.

60% од домашните фирми немаат никаков контакт со странците и покрај тоа што некои странски фабрики се присутни скоро една деценија во земјава. Македонските бизнисмени велат дека не е точно дека не ги ислопнуваат потребните стандарди, туку комуникацијата со странските инвеститори одела тешко. Оние малку фирми кои соработуваат со фабриките во зоните ретко им продаваат суровини, репроматеријали и помошни делови, туку главно обезбедуваат струја, вода, храна, мебел и слично. Оваа година поддршката за домашните и странските фирми е околу 65 милиони евра. Владата преедложи да с епродолжи рокот за аплицирање до 30 септември, да се прошири опфатот на компаниите и скратување на процедурите. Лани фирмите искористија 35 милиони евра буџетски пари.

Тања Попова