НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата мора да даде пари за поддршката на производство на традиционална автентична храна

Во трката за гола егзистенција не само младите, туку и старите бегаат од работа во поле оти не им е исплатлива. Внатрешната миграција во Македонија го зеде својот данок, повеќе од половина век селата се празни, полињата скапуваат, а земјоделските површини останаа необработени. Од тука многу важна е поддршката за производство на традиционална автентична храна.

 “Апсолутно е многу важно посебно во овој момент кога гледате дека имаме проблеми со храна и уште повеќе ќе има проблеми со храна, зборуваме за недостиг. Пченица, компир, житарици, сите оние стари  афтохтони  сорти многу често изумираат за тоа што не се одржуваат”-вели проф.д-р  Ангела Паскуале.

Поддршката на домашното производство е важна несамо од економски апспект,многу е битно и од промотивен аспект бидејќи секој кој што ќе дојде во Македонија сака да ја проба локалната храна.Доказ за тоа е манифестацијата “Вкуси го Охрид локално”.

 “Ова е Македонија во мало, презентација на Македoнија преку храната. Храната покрива огромен дел од традицијата во Македонија, тука се исплеткани везовите и на историјата и на минатото”-вели Наташа Неданоска,угостител од Охрид.

Манифестацијата на која без презентирани македонски производи предизвика голем интерес и кај домашните и кај странските туристи.Некои од нив на течен македонски јазик со гордост кажаа дека умеат и да ги приготвуваат македонските традиционални јадења.

“-Јас знам манџи да правам, знам пиперки да пржам. Најубава Македонија, вратен сум сега од Англија. Ми е мерак да останам овде. Во Прилеп тутун берев, рацете ми беа испукани. Ама денеска овде што јадев, евтино е ,да ви е алал”

Се’ помал е бројот на локалните производители оти во денешно време премногу е тешко велат од финансиски аспект да се почне со работа како домашен производител.

“Јас немав врска што е тартуф,така да се заинтересирав малку купив куче од Србија, почнав да го тренирам да го учам. На почеток беше тешко додека не се најде првиот тартуф. За производство требаа доста инвестиција ? Па треба “-вели Саша Стојчески производител на тартуфи од Тетово.

И сметам дека е од клучно значење за македонската култура, за традицијата па и за нас самите производители како локални производители за развој на македонскиот туризам, пошироко ако го гледаме”-вели Јулијана Динова,производиели на ракија од Скопје

Познавачите на приликите и сугерираат час поскоро да се поттикне претприемачкиот дух кај младите кои масовно се иселуваат од Македонија.Нашата земја е позната по гурманските специјалитети, македонската ракија и многу други автентични прозводи кои треба да се презентираат пред светот како дел од нашата традиција.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски