Владата конечно ја утврди преговарачката структура, очекуваат старт на преговори во октомври

И покрај критиките на меѓународната заедница и странските амбасадори, Владата е убедена дека во октомври Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Иако дел од амбасадорите велат дека голем проблем во државава е корупцијата, а тоа е нотирано и во како што велат од Владата – еден од најдобрите извештаи на европската комисија за Македонија.

Вицепремиерот Бујар Османи се правда вели дека тие не се залагале за закони на хартија туку со конкретни примери ја покажувале својата борба против корупцијата, иако призна дека секогаш можело подобро.

На денешниот брифинг со новинарите, Осамни делумно ги претстави тимовите и работните групи кои ќе учествуваат во процесот, иако овие тимови беше најавено дека ќе бидат соопштени уште во октомври минатата година. Османи вели дека Македонија ништо досега не загубила време со објавувањето на тимовите тек сега, и дека скринигот си тече.

Османи истакна и дека ќе и понудат на опозицијата да учестуваат во работните тимови, бидејќи не смее да се испушти оваа шанса која ја има државата, а тие како Влада немаат инклузивно право на тоа. Вицепремиерот истакна и дека во работните тимови ќе учествуваат илјадници луѓе, но ќе бидат вклучени и невладните организации.

Од Владата истакнаа и дека не се плашат од можно вето од Грција по смената на власта И признава дека ако земјава не добие датум за преговорите во октомври ќе има пореметување на евроитегративниот процес и ќе има сериозен импак врз динамиката за интеграции.

Meри Ѓорѓиевска