Владата конечно направи план за Охрид како што бара УНЕСКО, но не се знае дали и натаму ќе остане наследство во опасност

На сами 3 месеци пред истекот на дополнителниот рок од 2 години кои градот и државата ги добија за да постапат по препораките на Унеско, Владата дури сега донесе стратегиски план за рехабилитација на охридското природно и културно наследство. На 23 фебруари 2023-та ќе се знае дали после 4 деции,Центарот за светско наследство ќе побара Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност. Отстранувањето на дивоградбите е една од главните препораки кои наместо да се исполнат, допрва ќе се прави мапа и ќе се реажурира инвентарот на бесправни објекти.

– „Тоа не личи на една држава како што е Македонија која се наоѓа на европски континент да има стотици нелегални објекти изградени во многу важни зони, како што е националниот парк „Галичица“. Тоа се проблеми кои за мене се неразбирливи, се наталожиле низ годините и се надевам, кога-тогаш ќе се решат. Мораме да ги решиме тие работи.“ – Изјави Славчо Христовски, Претседател на Македонско еколошко друштво.

– ”Сведоци сме дека и покрај сите овие строги прописи кои важат со планот за управување со природно и културно наследство на охридскиот регион,не се почитуваат.Има обиди да се протнат легализации на некои дивоградби кои што се наоѓаат во самото заштитено подрачје на Охридското езеро или во Националниот парк” – Изјави Ѓоко Зороски, инжинер за заштита на животна средина.

Со огромниот број бесправни објекти тешко се постапува. Ако пак на тоа додадеме дека на атрактивните делови од регионот не се случајни тие што бесправно изградиле,туку фигури кои имаат одредено влијание во општеството ,тоа дополнително го отежнува постапувањето-реален е градоначалникот Пецаков, кој кажа дека од 2005-та година се до денес не биле донесени преку 180 урбанисистички планови.

Изјава Кирил Пецаков-градоначаник на Охрид:Унеско има полно право за ова што не доведе да стравуваме за задржување на статусот да бидеме под заштита на Унеско и тука нема никој дилема заради урбаната деградација и уништување кое Охрид го имаше долги години наназад, а се случувало за одредени поединци и често спомнувана урбана мафија.Поединци и компании за да можат да се богатат, а од друга страна да се гради по сосема поинакви принципи од она што Охрид требало да се развива.
Има работи кои не можеме да стигнеме навреме да ги исполниме од бирократски причини,што не велам дека се оправдани-вели Пецаков и очекува Охрид да добие уште дополнителни две години за исполнивање на препораките на Унеско.

Росица Голабоска

Advertisements