Владата конечно ги слушна барањата на комуналните претпријатија, ќе плаќаат струја според регулиран пазар
Како давеници за сламка, комуналните претпријатија во последен момент се спасија од високите сметки за струја. Откако владата конечно покажа слух за нивното барање и ги стави на регулиран пазар, очекувањата им се дека декемвриските сметки ќе бидат пониски. Во штипското комунално претпријатие Исар, веќе се направени првичните пресметки и со остатокот од парите ќе се покриваат долговите направени во периодот кога сметките им беа повисоки од вкупните приходи.
„Ние добивавме цена од 40 до 15денари за киловатчас во зависност од берзанската цена на отворениот пазар. Сега со оваа цена што ја имаме се надеваме дека за еднаш до два пати ќе се намали сметката, за со остатокот од средствата да можеме ги покриеме сметките за струја. Знаете сметките што доаѓаа првите три месеци беа под 19 милиони денари„ изјави Трајче Здравсков, директор на ЈП„Исар„
Високите сметки за струја ги стави пред свршен чин, а многу од комуналните претпријатија во државата беа на прагот на ликвидност. Излез од финансиката криза Исар гледаше во изградба на фотоволтаици и мала хидроцентрала, но Владата не дозволи општински обврзници, па и тој проект им пропадна во вода.
„Нашите анализи предвидуваат дека можеме да произведуваме електрична енергија, односно поголемиот дел од 50 – 60% од потрошувачката на јавното претпријатие за производството на вода да го покриваме на тој начин„-изјави Трајче Здравков, директор на штипското комунално претпријатие.
Астрономски сметки за струја добиваа комуналните претпријатија, посебно оние кои за испомпување вода од бунарите користат пумпи. Таков беше примерот и со кочанското комунално претпријатие. Поради немоќноста да се плати долгот, десетина денови одредени работни единици останаа без струја.
Александра Ристевска