Ввласта го извиси стопанството. Помина септември, ама од ветените мерки за поддршка на големите индустрии нема ништо. Состојбата станува повеќе од алармантна. Бизнисмените алармираат на сериозност.

Доцни државната помош за граѓаните и стопанството. Иако најавена за на 28, па и до крајот на месецов, од владата велат дека се уште се анализирало какви и за кого ќе бидат наменети мерките. Фирмите кои до душа го чекаа антикризниот пакет помош, останаа извисени. Најголемиот потрошувач на струја „Фени“, веќе ги изгаси печките поради скапата струја, а вработените заминаа на принуден одмор. Затворање на капацитетите веќе најавија и хотелиерите и дел од угостителите, поради скапата струја. Бизнисмените бараат владата да покаже сериозност.

И додека стопанството алармира дека е пред колапс, од Владата велат дека веќе имало некакви мерки, кои според стопанството се недоволни.

  • Ресорните институции се во постојана координација, ја следат и ја анализираат состојбата. Во однос на цената на струјата за стопанството, Владата води преговори во регионот, за да се увезе електрична енергија по цена помала од берзанска, како и енергенси за производство на струја. Во таа насока, се прават напори да се обезбеди двапати пониска цена од моменталната берзанска цена, велат за Алфа од Владата.

За да се заштити стандардот на граѓаните од секојдневниот раст на цените, главно кај прехранбените производи – од Владата не кажаа конкретно кога би имало замрзнување на цените.

За казината, рудниците и банките, кои добро заработивале и во време на криза, помош немало да има. За разлика од кај нас кои уште чекаме државна помош, германската Влада усвои мерки во борбата против енергетската криза, за што ќе бидат издвоени 200 милијарди евра.

Германскиот канцелар Олаф Шолц при претставувањето на новиот владин пакет, рече дека цените мора да паднат и развиените држави прават сѐ за да се ублажи ценовниот шок и граѓаните полесно да го поминат овој тежок период.

Борис Грујоски

Advertisements