Владата без прецизен став – ќе се казнуваат ли прекршувањата на законот за јазици или не?

Ќе биде ли казнет вицепремиерот Бујар Османи што го прекрши законот за јазици, зборуваше само на албански и не им дозволи македонски превод на новинарите? Владиниот гласноговорник Бошњаковски, прво рече дека оваа влада не функционирала на принцип на казнување.

Но потоа на новинарско потпрашање најпрво демонстрираше отворено негодување за прашањето, а потоа одеднаш првиот одговор веќе не важеше. Ќе се санкционирале сите прекршувања, ама ќе се проголтале грешки во преодниот период. Нејасно е каков е тој преоден период кога законот за двојазичност е веќе на сила.

Инаку, како дел од договорената стратегија меѓу партнерите Заев и Ахмети денеска секретаријатот за рамковен се преточи во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Министерството денеска помина со 80 гласа во законодавниот дом.  


Искра Коровешовска