Владата бара поддршка од МПЦ и ИВЗ за штедење струја

Штедете дома додека се бара електрична енергија на сите страни. Министерот за економија Бектеши утре ќе има втор обид со бугарската страна да се договорат за набавка на струја, а „кочницата“ за договорот била што тоа што се чекале мерките од европската комисија, со кои според најавите можно е замрзнување на цената на струјата на 180 евра за мегават час за слободниот пазар. Бектеши уверува дека работи во интерес на стопанството и преговара за цена која е прифатлива за нив, а се надева дека ќе се договорорат со Бугарија поради добрата волја која ја чувствувал за време на преговорите.

„Ги чекаме кои ќе бидат тие мерки усогласени целосно во склоп на Европската комисија за нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки. Преговараме за   24 часовна базна енергија која ние би ја купиле од Бугарија за стопанството кои се на слободен пазар.  Ги знаеме очекувањата на стопанската комора, не може сите да се на регулиран пазар, вели Бектеши.

Иако верува во „добра волја“ од Бугарија,  Бектеши  сепак во четврток ќе замине во официјална посета во Турција. Ќе разговара за енергетските прашања, но дали конкретно и за набавка на струја не кажува прецизно:  

Додека пак чекаме да ни помогнат земјите од надвор, министерот ги посети Исламската верска заедница, а во исто време негов тим ја посетиле и МПЦ за да побараат поддршка за штедење струја. Не се посочени конкретни мерки за верските објекти или домаќинствата, туку само апел за рационално трошење.

Имаме над 700 објекти, 13 муфтивства , со сите ќе разговараме како да се придонесе во ова, а и јас како поглавар на ИВЗ секој петок ќе бидеме заедно со моите соработници и верниците ќе зборуваме на оваа тема и за излез од кризата, изјави Фетаху.

Високата цена на електричната енергија ги поскапе речиси сите прехранбени производи. Поради високите енергенси на Македонија и се заканува млечна криза, дел од  млекарите најавија дека млекото ќе мора да поскапи следствено на поскапувањето на сите производни сегменти.  Сепак Бектеши уверува дека државава работи навремено и ќе анализирале какви резултати дале досегашните мерки и најави дека замрзнатата трговска маржа од 5 и 10 отсто ќе трае до крај на годинава.

Кристина Алексиеска