Владата бара објаснување околу вработувањето на Бесмира Ејупи

Османи е должен да ја информира јавноста дали 28 – годишната Бесмира Ејупи е вработена во МНР и зошто била избрана за таква позиција порача Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата за задолжена за политики за добро владеење.

– Според членот 9 од кодексот за етичко однесување на членови на владата, османи е должен да одговара на прашања на јавноста за аспекти од работењето на институцијата со која раководи. министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција – изјави Грковска за Дојче Веле.

 Од МНР во изминативе 4 дена не се одважија  да одоговорат на прашањата од новинарите според кој оглас е вработена и со кои квалификации, дали Ејупи ќе добие безбедносен сертификат и дали се подготвува за дипломатска мисија  или пак воопшто да дадат било каков став за несудената конзулка  во Њујорк.

И премиерот на новинарско прашање врабоувањето на презентерката во МНР им порача на новинарите дека повеже информиации можат да добијат од Османи , а критиките од опозицијата за Ејупи ги нарече шовинизам кон жени 

„На тоа прашање, јас гледам во континуитет и не ми се допаѓа една висока доза на шовинизам од страна на опозицијата. Особено насочено кон жените. Тоа во континуитет се случува и не е добро. И вие искористивте еден израз „некој се вдомил некаде“, но ова јас го сметам за чисто административно прашање во рамките на МНР за што повеќе детали може да ви даде министерот за надворешни работи“, рече Ковачевски.

Пред неколку месеци, Владата демантираше дека Ејупи е кандидат за конзул во САД, а во тек е истрага како таа станала корисник на хонорари во износ од 12 илјади евра од неколку државни институции за што постои и истрага .

Притисокот од јавноста по се изгледа спречи да стане конзул во Њујорк, но според информациите во јавноста   сега се  подготвува за дипломатска мисија и дека е започната постапка за добивање на безбедносен државен сертификат.

Бројни експерти веќе реагираа за, како што велат, аматеризмот во дипломатијата кој станува практика, бидејќи наместо експерти, во конзуларни претставништва праќаме нестручни лица.

Кристина Алексиеска