Вкупно 211 години затворска казна за „27-ми април“-Чавков со највиска од 18 години, Дурловски единствен ослободен

Шеснаесет од седумнаесет обвинети во настаните од 27-ми април во Собранието добија вкупно затворска казна од 211 години, додека ослободен од обвинението е Игор Дурловски.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години,

Митко Пешов-15 години,

Душко Лазаров-15 години,

Горан Ѓошевски-Леви-15 години,

Оливер Поповски-13 години,

Оливер Радулов-10 години,

Мунир Пепиќ-15 години,

Абдулфета Алими-7 години,

Младен Додевски-12 години,

Јане Ченто-15 години,

Горанче Ангеловски-12 години,

Игор Југ-12 години,

Влатко Трајковски-15 години,

Вилијам Михајловски-14 години,

Николо Митровски Кољо-15 години и

Александар Василевски –Нинџа-8 години.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски и Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, но по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.