Ви „трокираат“ Фејсбук и Инстаграм? Еве со какви огромни проблеми се соочува социјалната мрежа

Фејсбук „генерално функционира, но се уште со големи проблеми“, пренесува Си-Ен-Ен после најголемиот пад во историјата на најголемата социјална мрежа.

Работите отидоа дотаму што Фејсбук мораше преку Твитер да објаснува што се случува. Деталите изостанаа, освен дека не се работи за хакерски напад.

Покрај фејсбук, со проблеми се соочуваат и другите апликации кои се во сопствеништво на компанијата на Марк Закерберг, како Инстаграм, Воцап и Месинџер.