Високите сметки за струја ги исклучија фрижидерите – граѓаните се жалат дека купуваат ем скапи ем расипани производи

Ем секој ден се поскапо – ем расипана храна.  Граѓаните реагираат дека  одредени маркети ги исклучувале фрижидерите во кои се чувааат прехранбените производи за да заштедат струја.  

Реакциите се дека се случува да купат производ кој има рок на важење , а сепак кога ќе го отворат е расипан.  Во последниот период граѓаните велат дека забележале исклучени фрижидери во одредени маркети.

Податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство говорат дека во првите пет месеци од годинава за констатирани неправилности од страна на оператори со храна, продадени производи со поминат рок , несоодветно декларирани производи биле изречени дури 1665 инспекциски мерки.  Од почетокот на годинава , заклучно со мај 194 граѓани се пожалиле до одделението за заштита на потрошувачи. Како небезбедни, биле уништени над 2,7 тони храна.

Од Организацијата на потрошувачи ги советуваат граѓаните дека доколку се соочиле со ситуација,  производ кој што е со валиден рок да биде расипан, веднаш да го вратат во продавницата од каде што го купиле и да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство, а маркетот е должен да им ги врати парите.

Неквалитетни производи е само уште еден удар за граѓаните по енормните ценовни шокови за кои власта се фали дека ги стабилизира со тоа што ја ограничила маржата на 5 и 10 проценти за основните прехранбени производи.  И денес од СДСМ ја искористија приликата да се пофалат дека цените на прозиводите се намалиле за  дури 10 отсто, иако сликата на терен покажува дека пад на цените во изминатите два дена откако е одлуката на сила има за незначителни денар до два. „Максимално“ намалување добивме само на маслото за јадење од 5 денари.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести