Високите сметки за струја ги исклучија фрижидерите

Внимавајте од каде купувате месо, месни и млечни производи бидејќи дел од маркетите и продавниците ги исклучија фрижидерите или ја намалија температурата во нив како мерка за заштеда на струја. Граѓаните се жалат и дека се случува често да купат расипана храна која не е со изминат рок.
Дополнителен проблем е што речиси е невозможно да се најде ладно пиво или сок. Фрижидерите во кои се чуваат пијалаците во голем дел од маркетите воопшто не ладат и се користат само како обични полици.
Од Организацијата на потрошувачи ги советуваат граѓаните дека доколку се соочиле со ситуација, производ кој што е со валиден рок да биде расипан, веднаш да го вратат во продавницата од каде што го купиле и да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство, а маркетот е должен да им ги врати парите.
Бојана Златкова