Високата цена на дрвото и нафтата можно е да го одложи стартот на учебната година во некои училишта

Високите цени на нафтата и дрвата се понеизвесен го прават стартот на новата учебна година за учениците од подплачковичките села. За оние од предметна настава надлежните мислат како да стасат до централното училиште Страшо Пинџур, а за учениците во одделенска настава кои учат во подрачните училишта со што да ги наполнат ќумбетите, за да ги стоплат селските училници. По две неуспешни јавни набавки за огревно дрво општината ќе распише уште една, надевајќи се дека овој пат ќе се најде оператор.

Проблемите со самата инфлација во денешно време имплицира и во овој дел, во делот на затоплувањето. Се надевам дека ќе се јави некој на овој тендер за да може да склучиме договор. Имено ние веќе имаме за старт на грејната сезона, но не доволно за целата година„-изјави Викор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Неуспешен е и  последниот тендер за училишен превоз. Единствената фирма што се јавила побарала за речиси 40%повисока цена, од онаа што ја предлага општината. Потребно е зголемување на блок дотациите, во спротивно училиштата и општините ќе тонат во долгови, појаснува карбинскиот градоначалник.

 „Покрај сите економски прилики што се случуваат дојдено е едно тешко време, цените одат нагореПовторно овде државата треба да игра клучна улога за стибилизација на економски план„-изјави Паунов.

 Во Карбинци училишен превоз користат 109ученици од 9подрачни училишта, од кои најголем дел се во селата во подплачковичкиот регион.

Алексадра Ристевска