Виница планира да издаде општинска обврзница

Општина Виница од Министерството за финансии бара структурна обврзница за да ги исплати долговите напревени во времето на претходното раководство. Со 12 милиони денари освен што ќе се исплат доверителите, општината ќе ја задржи ликвидноста на буџетската сметка. Постапката е веќе почната , а најдоцна до март министерството треба да одговори. Земаните пари ќе треба да се вратат во рок од десет години.

– „Условите за користење, рокот на отплаќање и каматата ќе бидат одредени со склучување на договорот помеѓу Министерството за финансии и Општина Виница„ изјави Миле петков, градоначалник на Виница.

Со половина од средствата, односно околу 6милиони денари, Виница ќе си го плати заостанатиот долг кон Министерството за финансии, а со останатите ќе го подмири долгот кон виничкото комунално претпријатие, како и кон градежните фирми кои асфалтирале и поплочувале тротоари. Според Петков,наместо да се земаат кредити, структурната обврзница е најповолниот начини за да се обезбедат пари и платат заостанатите долгови.

– „Имаме значителна сума кон градежни фирми за поплочување на тротоари и асфалтирање, за изградба на фекална канализација…До 30септември имаме неисплата на три паушали на членовите од претходниот советнички состав„изјави Миле Петков, градоначалник на Виница.

Претходно и Општина Штип почна постапка за барање на обврзница. Нивното барање беше за наменска обврзница и парите ќе беа наменети за изградба на капитални проекти. Иако Министерството за финансии даде зелено светло, Владата не најде можност барањето да го стави на владина седница, по што постапката заврши во вода.

Александра Ристевска

Advertisements