Викиликс: Никола Димитров бил заштитен извор на американските служби

Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov attends a news conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias following their meeting at the Foreign ?inistry in Athens, Greece, June 14, 2017. REUTERS/Costas Baltas

На вебсајтот на Викиликс се објавени тајни протечени документи на кои пишува дека сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој го потпиша Договорот од Преспа, во 2008-та додека беше преговарач за името истовремено бил и заштитен извор на американските служби кои ги информирал за ставовите на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски.

„Сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се води како „заштитен“ извор на американската амбасада два пати во 2008 година откако обезбедил информации за грчко-македонскиот спор за името и НАТО и ЕУ интеграциите“, пишува Викиликс.

Во документот тогашниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер го информира Стејт Департментот дека преговорите закочиле во моментот кога Бранко Црвенковски како претседател и Никола Груевски како премиер не можеле да ги надминат разликите во врска со предлогот на Нимиц, кој гласел „земи или остави“. Груевски се противел додека Црвенковски сметал дека треба да се прифати.

Информацијата за несогалсувањта во државниот врв на Македонија, помеѓу претседателот и премиерот се чувала во најголема тајност, но како што стои во извештајот на Рикер, Никола Димитров кој имал пристап до ваков вид на информации го информирал американскиот амбасадор за несогласувањата. Рикер пак, тоа го ставил во извештај испратен до Стејт Департментот, со замолница да биде заштитен идентитетот на информаторот – Никола Димитров.