Викендов топло и сончево!

Сончево и топло со мала облачност ќе биде времето денеска во градовите низ Македонија.

Се очекува највисоката температура да биде 20 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, дневната температура во Скопје ќе се искачи до 19 степени.

И во текот на овој викендот ќе биде сончево и топло, со температури до 21 степен.