Видно намалено нивото на Дојранското езеро

За една година нивото на Дојранското езеро е видно намелаено, според слободна проценка и за 15-тина центиметри. Тоа го докажуваат и снимките.

Но, според официјалните мерења од Хидрометролошката станица водата во езерото е намалена за само 2 центиметри. Нејасно е на што се должи оваа сериозна разлика.  

Во јуни годинава беше регистрирано првото намалување на нивото на Дојранското езеро, три месеци откако пумпите кои го полнат езерото беа исклучени. Токму на намалување на нивото на водата уште пролетта предупредуваа локални жители кои стравуваат дека до крајот на летото, со оглед на високите температури нивото може драстично да се намали.

  • Жителите на Дојран веќе неколку месеци зборуваат дека доколку нема вода од на хидросистемот Ѓавато, со кој повеќе од 20 години преку пумпи се полни езерото од македонска страна, на крај на лето може да ни се случи катастрофа, зашто најголем проблем ќе биде во летните месеци кога има најмногу испарување на водата, и кога населенито ги наводнува посевите, па така ако нема дотур на свежа вода, мислам дека дефинитивно ќе се наруши биодиверзитетот на Дојран кој на граѓаните им е на прво место, рече за Алфа Кирил Крапчев, Советник во општина Дојран, на  17.06.2022.

Хидролозите тогаш предупредуваа дека проблемот особено ќе дојде до израз во август и септември, кога е најголемо испарувањето и кога од грчката страна на езерото се вклучуваат пумпите за наводнување. Причината пак за гаснењето на хидросистемот Ѓавото, кое го полни Дојранското езеро беше скапата струја. Градоначалникот тогаш уверуваше дека ја следат состојбата па кога ќе има потреба веднаш пумпите ќе бидат вклучени. Сепак, каналите со месеци се празни, па веќе се обраснати со вегетација, пред да примат вода ќе мора да бидат темелно исчистени.

Викторија Миткова

Поврзани вести