(ВИДЕО) Сите патишта водат кон Скопје за пречек на „црвено-црните“: Вардар по вторпат е европски првак!

Ракометарите на Вардар синоќа во Келн го поразија Веспрем и ја освоија титулата во Лигата на шампиони 2019.

Во финалето „црвено-црните“ го победија Веспрем со 27-24.

Со оваа победа РК Вардар стана единствен тим од регионот со две титули во ЕХФ лигата на шампионите.

Игор Карачиќ беше избран за МВП на Ф4 турнирот.

И Европската ракометна федерација ЕХФ му ја честита победата на Вардар на Твитер. За вториот трофеј на македонскиот првак во Лигата на шампионите, на Твитерот на ЕХФ пишува: „Ова е приказна, која ако ја напишеш, никој нема да ти верува“.

А ова се најдобрите моменти од вчерашниот натпревар:

 

Инаку, ракометарите на Вардар со чартер лет ќе полетаат во 14:30 часот, а во Скопје ќе слетаат во 18:50 часот.

ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

„Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен“, се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.