(ВИДЕО): Полицијата разби група која криумчарела луксузни возила, уапсени 18 луѓе, меѓу кои има и приадници на МВР
Полицијата разби група која во државава криумчарела луксузни возила, а дел од нив биле крадени и се воделе постапки во други држави. Во акцијата се приведени 18 луѓе, а по двајца уште се трага. меѓу приведените има и припадници на МВР. Според соопштението од обвинителството, поведена е истрага против осум луѓе за продолжени кривични дела – криумчарење, прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, компјутерски фалсификат и фалсификување исправи.

Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. меѓу осомничените се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР.
Имено, во текот 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на автомобилите, избегнувајќи ја царинската контрола како непријавена стока во вкупна вредност од големи размери, употребувале лажни јавни исправи како вистинити за да ги регистрираат автомобилите, по што ги продавале. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи. Потоа осомничените службени лица од мвр вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. Со цел да се прикријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по што трајно ги оттуѓувале на физички и правни лица во државава.