ВИДЕО: Орбан посвои носорог, од граѓаните побара да му помогнат во изборот на име

Унгарскиот премиер Виктор Орбан посвоил носорог па од јавноста побара помош во изборот на името.

-Добив посебна молба од зоолошката во Њиреѓхаза да посвојам носрог. Тоа и го направив, но посвојувањето оди задно со кумството, па морам да му одберам име, напиша Орбан на својот Фејсбук профил.

Тој објави и видео од носорогот, па додаде дека има неколку опции како и дека е време да направи избор, за кој е потрбно двотретинско мнозинство.

Некои од предлозите на Орбан се Чико, Бернардо, Дезире, Чудлок.

Како што вели, до сега околу повеќе од 2.000 луѓе дале предлог за име на носорогот.

Заинтересираните ќе можат да даваат предлози се до утре.