ВИДЕО: Луна Џогани „одлепи“….играше валкан танц на песната на Кија

Големиот шеф во „Задруга 2“ на учесниците им приреди забава во барот, за време на која Луна Џогани и Јелена Круниќ изгледа дека најлудо се забавуваа.

Откако се воодушевја кога беше пуштена песната на Гастоз, следна песна што се слушна од звучниците беше песната на Кристина Кија Коцар и “Министерки“ со наслов  “Не се враќам на старото”.

„Мене многу ми се допаѓа оваа песна“ – рече Луна, а потоа стана и почна да го игра својот валкан танц со Јелена  Круниќ.

Двете „(за)другарки“ во еден момент толку се занесоа во својот танц што за малку  не се бакнаа во уста. За тоа време, Луна ја пееше песната на Кија од збор до збор.

За потсетување, во Задруга 1, Луна му беше љубовница на тогашниот сопруг на Кија, пејачот Слободан Радановиќ.