Ковачки: Командир на полициска станица пука со калашников на веселба

Драган Ковачки пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на твитер објави видео од веселба на кое се гледа човек како пука со калашников од балконот. Според неговите инфиормации, лицето било командир во полициска станица и пукањето се случило во Македонија.
-Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил, напиша Ковачки.