ВИДЕО: Денот на виното и вљубените е пред нас- Еве неколку идеи за подароци кои можете да ги направите сами

Иако Св валентин (14.02) е католички празник, младите ширум светот го празнуваат како ден на љубовта, без разлика на која вера и припаѓаат.

Припремите на заљубените парови за овој ден почнуваат многу порано, со избор на места каде ќе го прослават тој ден до тоа што ќе купат /подарат и што ќе облечат.

Кога станува збор за поклоните, секогаш е поубаво кога ќе поклониме нешто направено со свои раце и од срце отколку да купуваме скапи подароци.

Токму затоа ова се неколку предлог идеи за тоа што може да направите со малку пари и труд а ќе биде одличен поклон за вашиот сакан/а.

Инаку , според православниот календар денот на љубовта верата и надежта се одбележува на 30-ти семптември, а на 14-ти февруари се празнува Св Трифун.

Овој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде добар и ќе произлезе добро вино. Освен традиционалното закројување на лозјето, голем број винарии имаат организирани прослави во нивните ресторани, а очекуваат и голем број на домашни и странски туристи. По литургијата со која чиноначалствуваат свештени лица и по закројувањето, вообичаено приустните наздравуваат со чашка вино, вкусувајќи ги локалните специјалитети.