ВИДЕО: Во голема акција на српската полицијата уапсени се лидери на балкански нарко-картел

Во голема акција на полицијата уапсени се лидери на балкански нарко-картел, кој во последните седум години организирал шверц на повеќе од седум тони кокаин на подрачјето на Европа.
Значајна улога во оваа акција одиграла српската полиција која апсела на територија на Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин.
Како што може да се види на снимката на српското МВР, членови на картелот биле уапсени во луксузни куќи и станови. Оваа организирана група сочинета од 20 лица е осомничена дека е вмешана во меѓународна трговија со наркотици.
Имено, организаторите и припадниците на оваа организирана криминална група се осомничени дека во текот на 2020-та година учествувале во набавка и транспорт на повеќе од шест тони кокаин од јужна америка кон земјите од Западна Европа и Република србија – соопштено е од Обвинителството за организиран криминал.