Вељановски за Алфа: Власта со најавата за зголемени даноци, сака да ја дотепа културата, односно да уништи се што е македонско

Се повеќе граѓани го креваат гласот против најавените зголемени даночни реформи, кои на сила треба да стапат на почетокот од следната година. Режисерот Роберт Вељановски вели дека оваа влада, со ваквиот чекор, сака да уништи се што е македонско, да немаме култура, да немаме фестивали, да немаме театар, и да немаме македонски јазик. Вели, додека другите Влади ги намалуваат, нашата ги зголемува, со цел да ги доосиромаши граѓаните.

Жестоки критики од културните работници и хонорарците по најавените даночни измени со кои ќе треба сами да плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Велат дека Владата со ваквиот чекор сака сака да уништи се што е македонско, да немаме култура, да нема фестивали, театар и да немаме македонски јазик.

Режисерот Роберт Вељановски вели власта не мисли на сопствениот народ и работи на негово уништување. Погубно е, вели, додека другите влади ги намалуваат, нашата да ги зголемува даноците. Ако овој план помине во вакви осетливи и времиња, со господ напред на сите, и она малку што останало од областа на културата „утре“ ќе го немаме. 

  • Многу фестивали, многу институции ќе бидат уништени, ќе се доведени до ситуцаија што нема да можат да функционираат. Сметам дека власта на овој начин сака да го доосиромаши народор, граѓаните. Владата со ваквиот чекор сака сака да уништи се што е македонско, да немаме култура, да нема фестивали, театар и да немаме македонски јазик. Тоа се многу проблематични работи, вели меѓу другото за Алфа, режисерот Роберт Вељановски.

Актерите вела дека најлено е да се бара начин за покривање на дупки во буџетот, но тоа само ќе ја дозапусти културата, и онаа малку што ни остана, додава Вељановски, а актерите, пејачите и станатите естрадни уметици ќе бидат приморани да заминат од Македонија и да работат во соседството.

  • Имаме една од најмудрите влади во Европа. Пред некој ден прочитав додека другите Влади во регионот и пошироко ги намалуваат, нашата Влада ги зголемува даноците. Причините се веќе зашто веќе не можеме со оваа кондиција на буџетот да влечеме кредиди, со кои би се покриле сите дупки. И можам да кажам дека оваа Влада во изминатиот период нема ништо направено, буквално ништо. Сега со новите данони кои ќе бидат околу 50%, значи дека од 500.000 денари националната институција на име на данок ќе треба да исплати 250.000 денари, што значи 750.000 од еден милион, ќе одат на хонорар, додава Вељановски за Алфа.

Реформата која е планирано да почне да се применува од 1 јануари предвидува нови основици за пресметка на ДДВ, данок на камати, укинување на повеќе даночни ослобдувања, како и работодавачите да плаќаат данок на дополнителното пензиско осигурување.

Познавачите на состојбите велат дека со новата даночна реформа, сивата економија во Македонија која изнесува 40% ќе биде многу повисока.

Борис Грујоски