Ветувањата за работниците – технолошки вишок од „Еурокомпозит“, продолжуваат да остануваат само ветувања

Пак ништо од ветувањата дадени пред петнаесетина дена од страна на вице-премиерот Кочо Анѓушев на работниците кои заминаа како технолошки вишок од загубарот „Еурокомпозит“. Рокот за повторна средба истече денеска, но, овие луѓе ниту некој ги исконтактирал, ниту пак, некој ги примил, заради што, тие пак излегоа на на улица.

Инаку, на два наврати досега, а по претходен договор со Владата, од „Еуркомпозит“ како технолошки вишок заминаа вкупно 154 работници. На првата група од 130 луѓе исплатена им е отпремнина само по 30.000 денари, додека на втората само по 5.000 денари, а секој работник треба да земе по околу 100.000 денари. Исто така, за близу 7 години не им се намирени ниту придонесите.

Каролина Дурло