Ветрот го затскри аерозагадувањето- јавноста бара храбри чекори

Потребни се храбри чекори за решавање на проблемот со аерозагадувањето, доколку некој не го бива треба да биде сменет, сметаат еко активистите, кои и посочуваат дека за идната година да го немаме овој проблем во толку голем обем, институциите треба уште од сега да работат на проблематиката.

-Понекогаш и политичарите треба да сфатат дека нивната политичка кариера треба да ја стават во втор план. Мораме еднаш да сфатиме дека мора да има храбри чекори за загадувањето, ако некој не е успешен во ова, да се тргне и да остави место за друг. Мора да бидат правите луѓе на правите места, за да го мрднеме овој проблем од мртвата точка. И да видиме за неколку години значително намалување, вели активистката Невена Георгиевска од О2 Иницијатива, вели Невена Георгиевска од О2 Иницијативата.

Ветрот денеска ги спаси граѓаните на Македонија, и го расчисти воздухот кој вчера беше загаден десет пати над дозволеното . 535 милиграми ПМ 10 на метар кубен  вчера беа измерени во Кавадарци, додека пак во Битола смртоносните честички стигнаа до 473.

Невладините организации бараат поместување на прагот на дозволивост на ПМ честичките, и да се усогласи со евроспките прописи.

Останува, граѓаните на Македонија да се молат на ветер, велат тоа е единственото нешто што ги спасува од тивкиот убиец, загадениот воздух кој зема се поголем замав полнејќи ги болниците, но и зголемувајќи ги бројките на смртни случаи.

Според СЗО  4,2 милиони луѓе во светот годишно умираат од загаден воздух, што е повеќе смртни случаи од маларија,сида и туберкулоза заедно.

Екологистите предупредуваат дека институциите делотворни мерки мора да превземат,истото го велат и експертите. Потенцираат, координирани мерки нема, и се пристапува кон проблемот само сезонски, а така резултат не може да има.

Мери Ѓорѓиевска