Ветија транспарентност и почит кон сите медиуми, седнаа во фотелји станаа дрски, навредуваат, критикуваат новинари

Навреди, невкусни шеги, етикети, слаба транспарентност, цинизам и потсмев кон седмата сила. Кога некое прашање не им одговара, функционерите на коалицијата СДСМ – ДУИ или со контра напад или со неконкретни одговори. Речиси секој од политичарите залепил по некоја етикета на новинар или се однесувал со нетрпеливост. Како на власта и гори под нозете, така го заострува односот кон медиумите. Неодамна премиерот Ковачевски одржа вонредна прес конференција, но наместо конкретни одговори, ни држеше лекција по хемија а неговите колеги слатко се насмеаа.

На 15 октомври мора да има парно, со греење на вода во топланитe – изјави премиерот на 28 септември.

Не ретко министрите, си земаат за право да ги квалификувааат прашањата на новинарите – таков беше случајот и со министерот за земјоделство.

Зошто набавувате, кога имаме пченица? Видете, прашањето ви е контрадикторно – одговори Николовски на 12.03.2022.

Дали министерот за економија има новинарски амбиции? Оваа дилема се отвори, откако се помеша и во тоа што работат уредниците на медиумите.

А уредниците ваши знаат за тоа? – праша Бектеши на 15.10.2022.

Се изнервира и дека секој ден бил приморан да одговара на исти прашања.

Видете. Мислам дека морам да одговорам секој ден на истите прашања – додаде Бектеши.

Ама на неговиот шеф, очигледно не му е проблем да го повторува истото. Па така , три дена со ред, повторуваше дека во Македонија имало два концепти, а тој бил предводник, на оној вистинскиот.

Во Македонија има два концепти. Првиот, за европска Македонија, вториот, да бидеме изолирана маса народ –  ова го изјавуваше Ковачевски, три дена последователно.

Неговиот сопартиец, и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, не штедеше зборови, посебно кога беа во прашање новинарите на Алфа телевизија.

Сирота ти, не тропај глупости – и рече Шилегов на новинарката на Алфа телевизија, на 10.12.2019.

Каде е камерата на Алфа. Не е загадено, еве дека не е загадено – налутено рече Шилегов на 23.06.2022.

И поранешниот премиер Зоран Заев, не бираше зборови во дадени ситуации.

Нема да дозволам, еден, да ми извини ЛГБТ заедницата, педер, еден суетен новинар да не симнат од власт – изјави Заев на 13.08.2019.

Истакнувајќи го неговиот став за Алфа телевизија, тој јавно одби и ТВ ДУЕЛ.

Да одам на дуел? Неееееееее. Еве граѓаните велат да не доаѓам. Не доаѓам – изјави Заев на 05.03.2020.

Примерот на поранешниот партиски лидер го следеа речиси сите функционери – со етикетирање на телевизијата и на новинарите.

Јас разговарам и со вас, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашта телевизија ама не го знам кој е, изјави Радмила Шеќеринска, на 10 јули 2020 – изјави Шеќеринска, на 10.07.2020.

Дека транспарентноста е само декларативна, покажува и односот на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Јавноста никогаш не дозна колку пари потрошил на јадење и пиење, иако новинарот на а1.он уредно испратил барање. Маричиќ. за да го избегне одговорот, вината ја префлри на административните служби.

Сигурно не ви одговориле, поради административни проблеми – рече Маричиќ.

И покрај тоа што новинарските здруженија повикуваат на поголема транспарентност, и отчетност, власта не си ја научи лекцијата. И токму поради ова, невладините организации често знаат да им забележат на голем дел од политичарите чии главни адути во одбраната се иронијата и потсмевањето,  тогаш кога не знаат што да одговорат. Владејачката коалиција, во предизборието, ветуваше слободни медиуми и почит кон новинарите, но и ова остана, ветено и неостварено.

Адријана Алексиеска

Advertisements