Вес Мичел „архитектот“ на договорот од Преспа поднесе оставка

Вес Мичел, американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент поднесе оставка, објави „Вашингтон пост“.

Инаку, тој важеше за „архитект“ на договорот од Преспа.

Мичел лобираше за евроатлантските на Македонија, а оствари во земјава средби со премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, во периодот кога се решаваше спорот за името на нашата земја со Грција.

Инаку, тој функцијата во администрацијата на Трамп ја презеде во септември 2017-та година.

Мичел соопшти дека има две големи причини за оставката, едната се вика Весли, а другата Шарлот, а тоа се неговите деца.