Весела математика на Османи: Фалат осум пратеници за уставни измени

Бујар Османи ги пребројал пратениците па му фалеле уште осум за да го обезбедат потребното 2/3 мнозинство за промена на уставот. Министерот за надворешни работи е сигурен дека 72-цапратеници ќе го стиснат копчето „ЗА“ во собраниската сала. За гласовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да ги добијат, бидејќи власта ги исполнила сите нивни барања, односно ДУИ ќе се повлекле од власт ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
- „Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени,“ рече Османи.
Секое излегување на Бујар Османи на јавна сцена е посмешно и поконтрадикторно од претходното, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Еднаш велеа дека имаат мнозинство за уставни измени, а сега велат дека им фалеле само 8 пратеници – вистината е, велат од опозицијата, дека и пратеници од владејачкото мнозинство се изјаснуваат против уставнте измени. Претеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, за Алфа вели дека токму поради тоа што немаат 80 пратеници, точката за отворање на Уставот воошто нема да биде ставена за гласање.
- „Јас верувам дека тие нема да ризикуваат и воопшто да го стават на гласање овој предлог, затоа што немаат 80 пратеници и тоа значи дека до собирање за избори едноставно ќе немаат можност да се изгласа овој предлог. Така што ние ќе треб а да одиме на избори, а можно е никогаш да не го стават овој предлог на гласање пред оваа група на пратеници“, изјави Панова.
Сега кај јавноста се поставува прашањето, од каде Османи дојде до бројката од 72 пратеници. Власта располагаше со 65 пратеници, но пред Енес Имбрахим, од партијата на Турците, да се изјасни дека нема да гласа за уставните измени, а и Изет Меџити повлече три пратенички места во новата партија. Власта ги брои и тројцата пратеници на Алтернатива и двајца од БЕСА, но и Зендели повеќе не се брои бидејќи, албанскиот опозициски блок постави услов ако гласа за уставните измени да се промени и терминот 20% од Уставот. Опозициските пратеници вкупно 47 на број, веќе е повеќе од јасно дека поддршка нема да дадат.
Викторија Миткова