Венецуела до „просјачки стап“ благодарение на наследниците на политичарите

Фотографирање со „полна рака“ пари, скапи накити, престој во прескапи хотели е само мал дел од она со што се фалат децата на богатите луѓе во Венецуела, конкретно се работи за децата на политичарите кои постепено ја осиромашуваат државата.

Меѓутоа не само што го сакаат прескапиот начин на живот, не им е доволно па со помош на социјалните мрежи се фалат наоколу.

Имено, претседателот Николас Мадуро предизвика бес во јавноста кога по социјалните мрежи се прошири фотографија на која јасно се гледа дека ужива во специјалитетите на место на кое скоро сите граѓани не можат да си дозволат да јадат.

Додека многу венецуелски граѓани можат само да сонуваат за месо,  едно од седумте деца во државата патaт од глад, а  постојат и случаеви во кои родителите ги  напуштаат своите деца поради тоа што неможат да се грижат за нив.