Велјаноски го напушти судот, се повика на пратеничкиот имунитет

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски доцна попладнево го напушти судот, каде беше на распит кај судија на претходна постапка, откако се повика на пратеничкиот имунитет.

Велјаноски заедно со уште четири функционери од поранешната власт е обвинет за терористичко загрозување на удтавниот поредок и безбедноста.