Величковски: Пречекорување на договореното може да доведе до утврдување на нашето идентитетско прашање помеѓу Софија и Атина

Опасноста на излегување на рамките од договорите со соседите, ќе доведе до утврдување на нашето идентитетско прашање помеѓу Софија и Атина, вели за Алфа Ивон Величковски, претседател на Либералната Партија.

-Убеден сум дека Атина и Софија сакаат да дојде до тоа. Има индикативни изјави кои доаѓаат од Бугарија, но сметам дека не би требало на секоја изјава да се гледа негативно, вели Величковски.

Во однос на најавеното „национално помирување“ Величковски вели „каква е правдата, таков ќе биде и мирот“.

– Јазовите се огромни, имаме поделено општество. Моето толкување на изнесените ставови на министерот за надворешни работи Никола Димитров, прифаќајќи ги барањата на собраниска комисија, е дека тој со тоа потврди дека можен е подобар договор со Грција, вели Величковски.

Според него, неоходни се судски реформи.

Вечерва на тема „Може ли национално помирување без амнестија за сите инволвирани во 27 април 2017?“ со Искра Коровешовска дебатираат Ивон Величковски, претседател на Либералната Партија и Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.