Велики Петок – најтешкиот ден во црковниот календар

Строг пост и жалост. Во црквите не бијат кампани, верниците тагуваат за распнувањето на Исус Христос и го очекуваат неговото воскресение.
Во преполните храмови со желби за здравје, граѓаните се поклонуваат под Светата Плаштеница, која го симболизира исусовиот гроб.

Денот на големата христијанска жалост се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а во народната традиција е ден кога не се работи на поле или во домот. Се верува дека денеска не треба да се готви храна, ниту пак да се јаде

На Велики петок, не се применува вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии, туку се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на исусовите страдања.

Утре пак, е Велика Сабота, предвечерие на Велигден. Биењето на камбаните утре на полноќ ја огласуваат радосната вест за Христовото воскресение, со што завршуваат и 40-дневните пости.

Сања Трајковска Ставров